Вардар е непобедлив – Џамбо го натера Татран Прешов предвреме да се откаже од бодови


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар во Јане Сандански во натпревар од СЕХА славеа со 38:21 против Татран Прешов.

    Македонскиот клуб нема да знае за пораз и после овој натпревар. Вардарци уште на стартот ја потврдија доминацијата на овој натпревар. Направија две серии по два погодоци. Следуваше и нова серија на домашните ракометари, овој пат од три погодоци и го зголемија водството. На полувреме се замина со големи седум погодоци предност за Вардарци, 20:13. Второто полувреме во Јане Сандански видовме повторно доминација на домашните ракометари. Вардарци на стартот направија серија од 5 погодоци и уште повеќе го зголемија водството. Потоа направија нова серија од 2 погодоци и стигнаа до водство од 29:16. Во последните 10 минути од натпреварот Вардарци влегоја со предност од 15 погодоци, 33:18.Пред последените минути од натпреварот ракометарите на Вардар направија серија од пет погодоци и славеа со 17 погодоци предност, 38:21.

    Душебаев со 6 погодоци беше најефикасен кај Вардар. Деревен натпреварот го заврши со 5, а Чупиќ и Шишкарев со по 4 погодоци. Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ натпреварот го заврши со 15 интервенции. Рабек беше најефикасен кај гостите со 6 погодоци.

    Вардар после овој натпревар не остана поразен, а денес ја запишаа петата победа во шест кола, имаат и едно реми. За Татран Прешов ова беше трет пораз оваа сезона.