“Мурињо, кажи нешто против Ибра”


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Џејми Реднап, некогашниот играч од средниод ред на Ливерпул и Тотенхем, даде остри критики за изјавата на тренерот на Манчестер Јунајтед.

    Мурињо директно го обвини Лук Шо за поразот од Вотфорд, истакна дека левиот бек на Манчестер не постапил добро на другиот гол на противникот.

    Ова предизвика голем скандал во Англија, играчот е незадоволен бидејќи Мурињо тоа можел да му го каже во лице, не во јавноста.

    Сега Мурињо доби остри критики од Џејми Реднап, некогашниот фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Англија.

    “Не сум некој голем фан на таквото однесување. Можеби сакаше да добие позитивна реакција од Лук Шо, но сметам дека ваквите работи треба да останат во тимот. Кога работите ќе тргнат на лошо, Мурињо никогаш не се обвинува самиот себе, мора да се играчите или судиите.

    Баш сум заинтересиран дали вака може да се однесува кон Златан Ибрахимовиќ”, изјави Џејми Реднап.