Најде спас во поранешната средина: Еден од најдобрите фудбалери на светот го спасува Мурињо


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед го запиша третиот пораз во низа на гостувањето кај Вотфорд, а Жозе Мурињо се најде на удар на навивачите и медиумите.

    Португалецот потклекна под притисокот, и на сугестија на тифозите ја исклучи клупската легенда.

    „Специјал Он“ потроши нешто повеќе од 200 милиони евра во преодниот рок, но засега не успеа да направи некоја ветувачка игра.

    Сигурно дека му престојат многу тешки денови, а шпанските медиуми пишуваат дека после натпреварот со Вотфорд доби порака од претседателот на Реал Флорентино Перез.

    Да потсетиме, токму Перез го ангажираше во редовите на Кралевите, и имаше исклучително добар однос со него.

    Сега шефот на Реал наводно со бирани зборови го утеши Муруњо и му наговести подобри денови.

    Токму таа вест беше доволна за медиумите да поткренат приказна за зделка на релација Олд Трафорд – Сантијаго Бернабе.

    Имено, Јунајтед има големи проблеми во средниот ред, и итно му е потребен квалитетен плејмејкер. Вејн Руни или Пол Погба очигледно ги немаат тие способности, а уште помалку Маруан Фелаини.

    Поради тоа Мурињо го замоли Перез да му дозволи купување на  Лука Модриќ или Тони Крос. После ФИФА казната, Реал е во многу деликатна ситуација, но парите може да бидат пресудни.

    Се чини дека пореална е опцијата со германскиот играч за врска, бидејќи Модриќ стана едне од главните играчи на европскиот шампион.

    Така многу е можно Перез и Мурињо повторно да склопат таен пакт, и за некој од двајцата одлични играчи сепак да заврши на Островот.