На повидок е уште еден случај „Погба“?!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Францускиот фудбалер беше член на младинскиот тим на Манчестр Јунајтед, го напушти клубот порано бидејќи на него не сметаше, а во ова лето се врати на Олд Трафорд за рекордна сума на пари, сега слична работа може да се случи со уште еден фудбалер.

    Пол Погба се врати во Јунајтед после четири години поминати во редовите на Јувентус.

    После играњето за подмладокот на Црвените ѓаволи, не доби вистинска шанса во првиот тим, Јуве тоа го искористи и направи „зделка на векот“.

    Погба блескаше во Торино, со своите одлични партии привлече внимание на  целата фудбалска Европа, и на крајот се врати на Театарот на соништата во ова лето за рекордни 105 милиони евра.

    Слична приказна може да ја повтори уште еден играч за врска кој “не се покажа“ во Јунајтед.

    Беше дел од младинската екипа, не успеа да се избори за дресот на првиот тим, и во 2012 година потпиша за Лестер (во истата година и Погба потпиша за Јуве).

    Во дресот на Лестер стана репрезентативец на Англија, а сега Дени Дринквотер конечно може да го облече дресот на првиот тим на Јунајтед!

    Имено, како што влијателниот „Гардијан“ пренесува, екипата која од клупата ја предводи Жозе Мурињо е заинтересирана за веќе во јануари, Дринквотер да го врати на Олд Трафорд.

    Идеја е да ги спари него  и Погба во срцето на средниот ред, иако англискиот репрезентативец неодамна стави параф на нов петгодишен договор со актуелниот шампион на Англија.

    Според наводите на новиот договор, се проценува дека откупната клаузула е околу 35 милиони евра, а Јунајтед тоа може да го искешира веќе на стартот на зимскиот преоден рок.

    Се верува дека Дринквотер би го извлекол тоа најдоброто од Погба, односно ќе го растерети во дефанзивата и ќе му овозможи поголема слобода во играта.

    Така со своите греши од минатото Јунајтед може да плати повеќе од 150 милиони евра и за тоа  само пола година, во два преодни рокови.