Червар – Сакаме да бидеме пријатно изненадување во ЛШ


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Во сабота клубот од Автокоманда ја почнува сезоната во ЛШ, а прв нивни противник ќе биде Елверум.

    Лино Червар на денешната прес конференција кажа по некоја реченица.

    “В сабота стартуваме во Лигата на шампионите против екипата на Елверум, која ни е познат противник. Првиот натпревар ни е многу важен. Имаме мал хендикеп, Обрадовиќ нема да игра бидејќи се уште има проблми со мускулите. Исто така и Дрогришки ќе паузира и на овој натпревар. Оптимист сум дека рехабилитацијата нема да трае подолго. Кузмановски, пак, веќе нема проблеми со грбот, па ќе биде подготвен за настап“, изјави Червар.

    „Поаѓајќи од дуелите што ги одигравме минатата сезона и од тоа како Елверум ја почна сезоната во норвешкото првенство, в сабота ќе нѐ очекува тежок дуел. Тимот од лани им е „пократок“ за Митровиќ и за Стегавик, кои беа главни во нападот, но на нивно место сега ги имаат Поклар и Пујол, кои одлично функционираат со остатокот од тимот, а Пујол е одличен во соработката со играчите на линијата од шест метри. Главна карактеристика на Елверум е скандинавската одбрана во формација 6-0, која во средината ги има високите Петер Оверби и Ерик Торстесен, кои ќе бидат главна пречка за нашите бекови во шутевите од надворешната линија. Тука е и унгарското десно крило Томас Иванчик, кој минатата сезона како дел од романскиот тим Баја Маре беше реализатор на 10 гола против Металург“, додаде Червар.

    „Ќе мора максимално концентрирано и борбено да влеземе во мечот, да внимаваме на изгубени топки во нападот, за да не дозволиме нивна брза транзиција и контра преку двете крила Андре Линдбое и Иванчик. Цврстата одбрана ќе треба да биде наше главно оружје. Само со борбена и агресивна зона ќе можеме да го запреме нивниот напад, а, исто така, ќе мора да бидеме внимателни и на нивната игра на брз центар“, заклучи Червар.