„Најлош сум менаџер во историјата на фудбалот“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Тешко ги поднесува критиките менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо, а пред саботниот дуел против Лестер во Премиер лигата себе се нарече „најлош тренер во историјата на фудбалот“.

    Менаџерот на Црвените ѓаволи запрашан да ги искоментира шансите на Лисиците за одбрана на титулата шампион на Англија, на што тој одговори на себе својствен, саркастичен начин.

    „Да ја одбраниш титулата е многу тешко. Историјата не учи на тоа. Малку ги има тие во Премиер лигата кои успееја во тоа. Тоа единствено што успеа да го направи е Манчестер Јунајтед и другиот тим кој го водеше најлошиот менаџер во историјата на фудбалот“, рече Мурињо и и потсети на сезоната 2004/05 и 2005/06 година кога го предводеше Челси до шампионската титула.

    Клубот од Олд Традорд оствари победа во четири меча на стартот на сезоната, но потоа следеа три порази по ред, а негованата низа е прекината против Нортхемптон (3:1), во срда, во Лига Купот.

    Прескапиот тим на Јунајтед со суперѕвездите Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ досега не воодушевија, а големите критики се упатени и на сметка на играта на капитенот Вејн Руни.

    „Формата на Руни е како и формата на Манчестер Јунајтед. Ние сме тим, ние не сме Вејн Руни. Единствено што ме вознемирува е што не можм да го заштитам играчот од медиумите. Тоа е надвор од моја контрола и фрустрирачко е. На Ајнштајновите им требаат пари за да живеат. Тие можат да пишуваат, тие можат да зборуваат, ги нападна сите критичари Жозе Мурињо.

    „Тие можат да ја критикуваат работата на другите луѓе. Но јас сум добар човек, довек на добра воља. Помагам на многу луѓе, зошто да не помогнам да ги нахранам Ајнштајновите“, повтори Мурињо нарекувајќи ги критичарите со името на славниот физичар.

    Јунајтед во сабота во 13:30 часот во 6 коло од Премиер лигата го дочекува Лестер.