Фергусон ги критикуваше играчите во јавноста, зошто не може Мурињо?


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Многу фудбалски стручнаци го критикуваа Мурињо после што Португалецот јавно го изрази незадоволството од играта, а притоа наведе и поединци.

    Тренерите обично не зборуваат за поединците, но кога тоа ќе го направи, обично сакаат нивните зборови да имаат психолошко влијание на нив.

    Веруваме дека така мисли Мурињо кога го критикуваше Лук Шо после мечот против Вотфорд.

    Сепак, јавноста одма го осуди Мурињо за овој потег, голем број на фудбалери и стручнаци дигнаа глас поради оваа постапка.

    Англиските медиуми потсетија на критиките на Мурињо кон Џо Гол во 2004 година кога е исклучен во мечот против Ливерпул. Пред тоа постигна гол, но Мурињо не го штедеше, што е тогаш одобрено од јавноста како добар начин да се “казни“ играчот.

    Покрај тоа, не потсетија нас дека и Фергхусон работеше слични работи, го правеше тоа во Лига Купот против Челси кога Манчестер Јунајтед изгуби со 5:4 и во 2013 година во последниот натпревар од шампионатот кој Јунајтед го освои.