Манчестер Јунајтед го прегази Лестер


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа висока победа од 4:1 против Лестер во рамките на 6 коло од Премиерлигата.

    Првите минути од натпреварот поминаа во израмнета игра, каде што Лестер доминираше во поседот на топка.

    Сепак, се се промени кога Манчестер Јунајтед во 22 минута преку Смолинг погоди за 1:0.

    Од тој момент екипата на Жозе Мурињо заигра неречиси незапирливо и константно се закануваа кон голот на гостите.

    Таквата игра им се исплати во 37 минута кога Хуан Мата постигна нов гол во оваа сезона и ја зголеми предноста на Црвените ѓаволи за 3:0, а само две минути подоцна Пол Погба го постигна својот првенец за 4:0.

    Тоа беше резултат со кој се замина на полувреме. Продолжението на мечот донесе многу досадна игра на Олд Трафорд.

    Лестер успеа играта во поедини моменти да ја пренесе на половината на противникот, а постигнаа и погодок преку Греј во 59 минута кој на фантастичен начин го совлада Де Геа.

    Манчестер Јунајтед после ова коло има 12 бодови и се наоѓа на 3 место, додека Лестер на позиција број 12 со само седум бода од шест одиграни натпревари.