„Руни е мој човек“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа денеска на домашен терен Лестер со високи 4:1.

    Црвените ѓаволи после три порази по ред врзаа две победи, после победата во Лига купот денеска убедливо го совладаа актуелниот шампион на Англија.

    Јунајтед одигра одличен меч, а во центарот на вниманието беше капитенот на домаќините Вејн Руни кој денеска остана на клупата.

    Навивачите  се воодушевени со овој потег на португалскиот стручнак, бидејќи Руни во последно време не пружа баш најдобри партии.

    Сепак, Мурињо после мечот изјави дека ова не значи дека Руни нема да го почне наредниот меч.

    „Вејн Руни е голем човек за мене, Манчестер Јунајтед и оваа земја. Тој е мој човек и во целост му верувам. Верувајте дека тој е среќен во Јунајтед“, рече Мурињо.