Арсенал го декласираше Челси во лондонското дерби


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Арсенал го победија Челси со 3:0 во дерби дуелот од 6 коло од англиската Премиер лига.

    Победникот на овој меч беше познат веќе после првото полувреме, кога Топџиите ги постигнаа сите три погодоци.

    Поведоа веќе после 11 минути. Големата грешка на Гери Кејхил ја користи Алексис Санчез, и погодува за 1:0.

    Нов нокаут за Сините стигна три минути подоцна.

    Повторно одбраната на гостите слабо реагираше, Белерин го проигтра Тео Волкот, кој го матираше Куртоа за предност од 1:0.

    Сите дилеми околу победникот се решени во 40 минута. Месут Озил погоди после фантастичната акција за убедливи 3:0.

    Продолжението на мечот донесе уште неколку одлични шанси на двете страни. Сепак, и покрај тоа резултот не се менуваше, и на крајот остана 3:0 за Арсенал.