Талески и Арсиќ го однесоа Металург до првата победа во ЛШ


    Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


    Во крајно драматична завршница Металург го совлада Елверум, со голот на капитенот Филип Талески во последните секунди од средбата.

    Но, победата е чиста како солза и е апсолутно заслужена, бидејќи Металург водеше во текот на целиот натпревар, а првото водство на гостите од Норвешка е забележано во 52. минута.

    Металург одлично го почна натпреварот и користејќи ги фантастичните одбрани на Дарко Арсиќ, кој имаше 8 одбрани во првата третина од средбата, дојде до конкретно водство од 4 гола разлика, 7:3, во 20. минута од средбата. Кога се очекуваше дека нашите ракометари ќе продолжат со истото темпо и ќе го решат натпреварот уште во првото полувреме, дојде до криза во реализацијата на нашиот напад, па во следните десетина минути противникот успеа да направи серија од 1:4, за наша тесна предност од еден гол, по првото полувреме.8:7.

    На самиот старт од второто полувреме Талески и Кузмановски ни донесоа предност од три гола, 10:7, но потоа и Елверум врати со два брзи гола, за 10:9. Расположениот Талески во 43. минута му ја врати на Металург највисоката разлика од 4 гола, 13:9. Но, во следните седум минути имавме дури три исклучувања што целосно го сруши ритамот на нашиот тим, поради што дојде до голем пад во нашата игра. Противникот знаеше да го искористи тоа и со серија од дури 1:6, дојде во водство, првпат на оваа средба, 14:15, во 52. минута.

    Влеговме во драматична завршница која ја решија одбраните на Арсиќ и голот на Талески на 5 секунди до крајот на натпреварот.

    Целиот тим е заслужен за победата, но двајца ракометари и дадоа посебен белег на оваа средба. Филип Талески постигна рекордни 13 гола од можните 18 на Металург, а Дарко Арсиќ забележа 16 одбрани, од кои три седмерци.

    Металург ги запиша на своето конто првите два бода во новата сезона на игата на шампионите.

     

    Металург – Елверум  18:17 (8:7)

    Металург: Арсиќ (13 одбрани + 3 седмерци), Дупјачанец, Брајовиќ, Драгаш 3, Јагуриноски, Костески, Кузмановски 1, Марчец, Младеновиќ, Нелоски, Палевски, Печенковски, Пешевски, Петров, Талески 13 и Велковски 1.   Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 10 минути.

    Елверум: Боресен, Буруд, Екрен, Иванчик 1, Јансруд, Линдбое 6, Линдеруд, Мехл 3, Неергард, Оеин, Оверби 2, Поклар 3, Пујол 1, Тофт 1 и Ватстром.    Седмерци. 2/5.    Исклучувања: 6 минути.

    Извор: http://rkmetalurg.mk/