Венгер откри кој е заслужен за триумфот над Челси


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Арсенал вчера во рамкита на шестото коло од Премиер лигата одигра одличен меч против Челси каде што на својот терен славеше со големи 3:0.

    Натпреварот е решен веќе во првото полувреме. Прво мрежата на Куртоа ја погоди Санчез во 11 минута, а Волкот го дуплираше водството само три минути подоцна. Последниот погодок , е дело на егзекуторот Озил кој зголеми на 3:0 и така ја запечати судбинаа на Сините.

    Меѓутоа, никој од играчите кои беа стрелци не го импресионира искусниот стратег на Топџиите.

    После мечот, рече на кого припаѓа најголемата заслуга за триумфот.

    „Кошчелни и Мустафи денеска беа инзвонредни. Одговорни, интелегентни,но и технички совршени. Без нив, овие три бода немаше да бидат можни“, рече после мечот, Арсен Венгер.