„Сега е многу потешко до титулата“


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Една трка помалку, а 9 бодови повеќе заостанува Роси во борба за титулата.

    Тоа е епилог од трката во Арагон, на која победи Маркез.

    „Беше многу тешко, а сега е уште потешко. Не сакам да мислам за титулата, сакам само да се концентрирам на секоја наредна трка.“

    Роси не пропушти шанса и да ги пофали ривалите.

    „Хонда многу напредуваше во претходните неколку трки, изгледа дека и Сузуки го подигна нивото. Јамаха нема победено од Барселона и морам да признаам дека тоа е загрижувачки податок.“