„Морав да го сопрам Роси“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Победникот на трката во Арагон, Маркез изјави дека од голема важност е неговата победа и дополнителните 9 бодови предност во борба за титулата со Роси.

    „Многу ми е важна титулата бидејќи не бев блиску до победа од Германија. Исто така важна е и за борбата во титулата бидејќи Роси ме стигнуваше чекор по чекор и почнуваше да станува непријатно, па почнав да се сомневам.“

    Маркез знаеше дека може многу да очекува на оваа трка.

    „Уште пред почетокот на сезоната знам дека ова е една од трките каде што можам да нападнам, патека која ми одговара, мои навивачи, но исто така мора да бидете и максимално сконцентрирани, бидејќи многу лесно може да изгубите контрола и да паднете.“