„Јас не сум глуп, а и тој е интелигентен“


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Тренерот на Реал Мадрид ја искоментира измената на Кристијано Роналдо во пресрет на дуелот со Борусија Дортмунд.

    Измената на Роналдо во Лас Палмас е тема веќе неколку дена во Шпанија, а Зинедин Зидан конечно стави точка на таа приказна.

    „Реакцијата на Роналдо е нормална, секој играч кој ќе биде заменет смета дека треба да игра повеќе и сака да остане на терен. Јас донесов одлука и мислам дека тоа беше за негово добро. Роналдо и јас зборувавме подоцна и тој знае дека мора да ја прифати одлуката. Јас не сум глуп, а и тој е интелигентен, и двајцата знаеме дека сме овде на иста страна“, рече Зидан.