Што Роналдо изговори кога е заменет?


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Португалецот тешко ја прифати замената на мечот против Лас Палмас, а шпанските медиуми откријааа нови детали.

    Кристијано Роналдо во ремито со Лас Палмас е земенет во 20 минута пред крајот, кога неговиот тим поведе со 2:1. Сепак, до крајот на мечот Араухо да го израмни резултатот за конечни 2:2 што беше второ реми по ред на Реал Мадрид во Примера.

    Шпанската телевизија не пропушти да го снимаат Роналдо при излегувањето и после после тоа, а од неговите усни прочитаа дури и жестоки пцовки.

    „Хијо де пута“ (Ку*кин сине“, потоа, „су пута мадре“ како и португалските навреди „Фода се“ кои се истотака многу погрдни.

    Кога излезе од теренот Роналдо на Зидан рече “ Ме разочара“, на што тренерот одговори „Смири се Крис, потребен ти е одмор“, ќе играш 90 минути против Дортмунд“.

    Подоцна, дур седеше на клупата, Роналдо викаше „20 минути, 20 минути!“, алаудирајќи на колку уште време остана до крајот кога е напуштен теренот.

    Да потсетиме, шпанските медиуми веќе на големо пишуваат дека односот меѓу Роналдо и Зидан е нарушен и дека офва може да биде проблем во соблекувалната, поготово ако Реал во блиску време забележи уште еден кикс.

    Инаку, не треба да се заборави ниту дека Роналдо е многу веројатно незадоволен и од фактот што во оваа сезона постигна само два погодоци, по еден во Примера и Лигата на шампионите,.л и д ека Луис Суарез и Лионел Меси веќе му избегаа.

    https://www.youtube.com/watch?v=HgEL1xnPrHY