Нерешено во Борис Трајковски – Иако Нексе водеше во целиот натпревар, Металург се спаси


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Ракометарите на Металург одиграа нерешено во салата Борис Трајковски против Нексе, 25:25.

    Нексе на стартот на натпреварот направи две серии по два погодоци. Домашните ракометари на таа серија возвратија со четири погодоци во серија и го израмнија резултатот. Следуваше нова серија на гостите од два погодоци и на полувреме се замина со резултат 10:11 за хрватскиот клуб. Нексе во вториот дел од натпреварот успеа да направи неколку серии и да стигна до големо водство. Ракометарите на клубот од Автокоманда на пет минути до крајот на натпреварот успеаа да стигнат до еден погодок негатива, 22:23. Гостите од Хрватска промашија пенал, а Металург тоа го казни со погодок и го направи натпреварот неизвесен, 23:23. На крајот двата клуба ги поделија бодовите, 25:25.