Ван Бастен воведува револуција во фудбалот: Се укинува офсајдот, се воведува зелен картон


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Холандија Марко Ван Бастен стана шеф на техничкиот развој на ФИФА, а денеска веќе претстави низа на проекти кои можат да се воведат во фудбалот.

    Еден од најдобрите на сите времиња може да доведе таква ревулуција во фудбалот, а тоа повеќе нема да биде ист спорт. Имено, Бастен планира укинување на офсајдот, воведување на зелен картон кој ќе значи исклучување на десет минути, како што постои во ракометот двеминутна суспензија.

    Еве и кои се уште идеи на Холанѓанецот:

    Укинување на офсајдот.

    Воведување на видео-судија.

    Воведување на зелен картон, со што играчот кој ќе го добие, ќе биде исклучен на 10 минути.

    Укинување на запирање на времето при замена на играч.

    Замена со пенал после нерешен резултат како во хокеј.

    Продолжување на рокот на трансфери за уште месец дена.

    Ограничување на куп натпреварувања на само еден по држава.