Конте влече очајнички потег: 25 милиони фунти за сеуште недокажан фудбалер


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Челси ја отвори Премиерлигата со три победи и реми во четири натпревари, но во првите дуели со директните конкурентни се откриени сите слабости на тимот од Стенфорд Бриџ.

    Прво Ливерпул го покори Лондон, а тогаш се посрамени во минатата недела во градското дерби кај Арсенал.

    Паднаа на дури осмото место на првенствената табела, то беше доволно за аларм во овој дел на Лондон.

    Антонио Конте е разочаран од изведбата на поедини играчи (читајте Гери Кејхил и Бранислав Ивановиќ), и тргна во потрага за нови дефанзивци.

    Во послледните четири натпревари примија дури девет гола и Италијанецот тоа никако не го прифаќа.

    Џон Тери и Курт Зума се опоравуваат од повреда, а единствен резервен дефанзивец на клупата на Челси во последниот натпревар беше Маркос Алонсо.

    Поранешниот селектор на Италија планира да ја засили одбраната со доведување на Леонардо Бонучи од Јувентус и Калиду Кулибали од Наполи, но тоа веројатно е невозможна мисија.

    Двоецот кој му е добро познат од Серија А веќе безуспешно пробуваше да го доведе во ова лето.

    Освен тие, Конте има на радарот и два млади англиски таленти – 23 годишниот играч Мајкл Кин од Барнли и Бен Гибсон од Мидлзборо.

    Кин ја докажа класата погодувајќи во триумфот над Вотфорд, а се проценува дека Сините веќе спремија 25 милиони фунти. Така барем тврди Дејли Мирор, а трансферот може да следи веќе во јануари.