За Озил следи МЕГА договор, ќе добие и нов број на дресот!


    Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


    Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе добие наскоро нов договор.

    Како што пренесуваат германските медиуми, Месут Озил најверојатно ќе добие нов договор од страна на Арсенал и тоа каков.

    Се споменува веќе година дена дека Озил може да добие нов договор, баш како и Алексис Санчез, со што Арсенал ќе осигура првокласна напаѓачка опција во наредните години, а сега конечно е одработено и нешто конкретно.

    Деталите сеуште не се познати, но тоа што е познато според новиот договор е дека тој е „мега“, како што го нарекоа германските медиуми.

    Покрај тоа, во договорот ќе пишува дека Месут Озил ќе го носи дресот со број 10 од наредната сезона.

    Како вас ова ви се допаѓа?