Црвено – жолта фудбалска бајка од југот на Италија: Од Аматери до кандидати за Серија А


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    После шест одиграни кола во италијанската Серија Б, две непоразени екипи се Специја и Беневенто Калчо.

    Токму Беневенто Калчо може да го понесе епитетот за едно најпријатните изненадувања во европските лиги.

    Клубот во минатата сезона избори промоција од Серија Ц. Основан е во далечната 1929 година, имаше прекин во работата, а повторно е формиран во 2005 година.

    Поголем дел играа во пониските лиги во Италија, а едно време имаа и статус на полуаматерски и аматерски клуб.

    Со 11 бодови (еден бод одземен) со три победи и три реми го држи третото место во Серија Б. Играат убаво, дисциплинирано, на теренот изгледаат зрело.

    Пред две сезони Карпи, во минатата сезона Кротоне, а можеби во ова сезона баш во знакот на црвено-жолтата екипа од градот со 60 000 жители, кои се 50 километри оддалечени од Неапол.