„Не сметаме на Бош“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Тренерот на Мајами, Рајли призна дека тимот не смета сериозно на Крис Бош оваа сезона.

    Иако тренираше со целосен интензитет, тестовите на крвта покажаа дека и понатаму има проблеми и не е подготвен за нова НБА сезона.

    „Крис и понатаму е позитивен, сите сме и понатаму позитивни, но немаме датум на негово враќање, не знаеме дали воопшто ќе го има.“

    Оваа вест најверојатно значи и крај на ерата на „големата тројка“ во Мајами, бидејќи ова лето Вејд замина во Чикаго, а Џејмс одамна се врати во Кливленд.