Барселона со пресврт славеше – Петка на Лазаров, лош настап на Борко


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона славеа на гостувањето против Бенидорм со 27:30.

    Лошо започнаа каталонците и првото полувреме го загубија со 17:14. Вториот дел доминираа ракометарите на Барселона, направија пресврт и славеа со 27:30.

    Тимоти НГесан кој не погреши, Ваел Жалуз и Кире Лазаров ја предводеа Барселона до победа на овој натпревар со по 5 погодоци. Валеро Ривера додаде 4 погодоци. Македонскиот репрезентативец и голман на Барселона, Борко Ристовски натпреварот го заврши со 4 интервенции од 21 шут. Естебан Хоакин Салинас Муњоз со 7 погодоци најмногу се истакна кај Бенидорм.