Караско му пресуди на Баерн, ПСЖ и Барселона со пресврт до победа, Наполи торпедираше, Арсенал лесно со Базел, запрена победничката серија на Гвардиола


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Се одиграа и последните 8 натпревари од второто коло од ЛШ.

    Тио Волкот му донесе победа на Арсенал на Емирати против швајцарски Базел. Англичанецот постигна 2 погодоци во победата на топчиите, 2:0. Атлетико Мадрид во дерби натпреварот на Висенте Калдерон против Баерн Минхен славеше минимално со погодокот на Јаник Фереира Караско. Гризман во 84-та минута беше непрецизен од белата точка за да го зголеми водството на Атлетико.  Бешикташ и Динамо Киев ги поделија бодовите, 1:1.

    Во Шкотска видовме изненадување, три пати водеше Селтик, но Манчестер Сити успеа да извлече само бод. Дембеле погоди за водство на Селтик, Фернандињо израмни. Стерлинг постигна автогол и му донесе ново водство на Селтик. Неколку минути подоцна Стерлинг погоди за израмнување. На стартот на второто полувреме Дембеле повторно му донесе водство на Селтик, но Нолито ги постави конечните 3:3 во 55-та минута. Ростов и ПСВ одиграа 2:2. Холандскиот клуб промаши пенал за победа на овој натпревар. ПСЖ со пресврт славеше во Бугарија против Лудогорец. Бугарскиот клуб промаши пенал во второто пенал за израмнување, а Едисон Кавани во следниот напад го казни промашениот пенал и му донесе победа на ПСЖ, 1:3. Уругваецот постигна 2 погодоци на овој натпревар. Барселона се намачи против Борусија Менхенгладбах. Азар погоди во првото полувреме за водство на германците. Арда Туран и Жерар Пике му ја донесоја тешката победа на Барселона. Бенфика не знаеше од каде да се брани од италијанскиот Наполи. Хамшик, Милик и Мертенс(два) ја наполнија мрежата на Бенфика, 4:2.