Војниците на Чоло се „чудесни“ на Висенте Калдерон


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Фудбалерите на Атлетико Мадрид вечерва со победа над Баерн уште еднаш покажа дека се неприкосновени владетели на својот терен.

    Иако Диего Симеоне и неговиот тим заслужија и поголем триумф, ако се земе во предвид промашениот пенал и неколкуте промашени шанси кои ги имаше Торес, сепак забележаа три бода и така ја зголемија својата статистика.

    Имено, се работи за тоа дека Атлетико од 18 одиграни мечеви на Висенте Калдерон забележа дури 14 триумфи, потоа три реми и еден пораз. А тоа што е импресивно е гол разликата, чиј сооднос е дури 47:4, што досега не оствари ниту еден клуб.