Гигс на клупата на некогаш славниот англиски клуб?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рајан Гигс мое да прифати многу интересен повик.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Нотингем Форест моментално е најблиску до доведување на Рајан Гигс на местото менаџер.

„Шумарите“ веќе со години скапуваат по Чемпионшип, навивачите мечтаат за враќање во елитата каде што последен пат играа уште до далечната 1998/99.

Од тогаш, Нотингем успеа да дојде и до третиот ранг на натпреварување,  каде што помина три сезони. Од сезоната 2008/09, Нотингем константно се натпреварува во Чемпионшип, два пати стигнаа до баражот, но ниту еднаш до враќање во ПЛ.

Тоа е една од главните причини поради што „Шумарите“ го сакаат Гигс на клупата. Иако во минатата сезона завршија во вториот дел од табелата, враќање во ПЛ и понатака е сон за овој клуб.

Во игра беа Џанфранко Ѕола, Нил Ворник, Хулен Лопотеги, но сега во прв план е Рајан Гигс.

За тие кои не знаат или заборавија, Нотингем Форест е двоен шампион на Европа. На крајот на седумсеттите години, прочуената генерација предводена од контроверзниот тренер Брајан Клаф го освоија Купот на Европските шампиони во 1979 и 1980 година, а претходно стана и првпат и единствен пат шампион на Англија (1978).