Aнгеловски и Пандев: Израел е фаворит на хартија, но со помош на публиката бараме победа


    Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


    Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев се оптимисти пред утрешниот дуел со Израел во натпревар од второто коло од квалификациите за Светското Првенство кое ќе се одржи во Русија во 2018 година. Двајцата истакнуваат дека израелците се фаворити на хартија, натпреварот ќе биде тежок, но дека сите се концентрирани да дават максимум во потрага по добар резултат.

    “Знаеме што нè очекува утре, мислам дека имавме доволно време да се подготвиме за спремни да влеземе во мечот. Резултатите на двете репрезентации во последно време не се добри. Во јавноста фаворитската улога се препушта на Израел, но јас не мислам да излеземе ние како аутсајдери. Ќе одиграме на максимум со сите наши можноста, со што би ја израдувале јавноста со добар резултат. Сè уште незнам со која тактика и кој тим ќе излезам утре, тоа ќе биде одлучено по вечерашниот тренинг“, вели селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски.

    Капитенот Горан Пандев се надоврзува со зборовите на селекторот, а додава дека иако противникот е добар и фаворит, сепак со помош на публиката може да се очекува позитивен епилог.

    „Знаеме дека нè очекува дуел со една квалитетна селекција. Фаворити се Израелците, но ние добро се спремивме за овој дуел. Овие три дена добро работевме, имаме одлична атмосфера. Ги знаеме на противникот добрите и лошите работи во играта. Со помош на нашата публика можеме да направиме добар резултат“, изјави Пандев.

    Натпреварот Македонија-Израел се игра во четврток на арената „Филип Втори“ со почеток од 20:45 часот.