Барселона лесно против Кадетен


    Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


    Рајн Некар и Барселона победија на домашен терен во натпреварите од 4-то коло во ЛШ.

    Барселона го пречека Кадетен во група А и успеаа да го победат со 38:25. Најефикасен играч во Барселона беше нашиот Кире Лазаров со 7 голови. На другата страна Марос исто така со 7 голови беше најдобар.

    Рајн Некар беше подобар од Кристијанштад со 30:29. Шмит беше најдобар во германскиот тим со 7 голови.