Еурофарм Работник го прегази Металург 2, Вардар Јуниор се спаси во последните секунди од пораз


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Во суперлигата се одиграа два натпревари денес.

    Еурофарм Работник во Битола го разнесе вториот тим на Металург со 38:24. Домашните после првиот дел имаа предност од 16:11. Вториот дел повторно ракометарите на Еурофарм доминираа на теренот и заслужено запишаа нова победа. Барос со 10 погодоци ги предводеше битолчани до големата победа. Чурлевски и Петковски додадоја по 5 погодоци. Кај гостите Димитар Димитриоски беше најефикасен со 10 погодоци.

    Вардар Јуниор и Борец ги поделија бодовите, 31:31. Големата предност од првото полувреме не му беше доволна на ракометарите на Вардар Јуниор да слават во денешниот натпревар. Пред самиот крај на натпреварот видовме непосакувани сцени. Голманот на Вардар Јуниор, Ѓорѓески беше херој на натпреварот бидејќи одбрани пенал на ракометар на Борец и му донесе на својот тим бод. Вујачиќ беше најефикасен во Вардар со 9 погодоци, а Илиев со 9 погодоци најмногу се истакна во Борец.