Лестер е слаб за гигантите – Челси го сомели актуелниот шампион


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Во првиот натпревар од oсмото коло од ПЛ, фудбалерите на Челси на Стемфорд Бриџ го совладаа Лестер со 3:0.

    Челси влезе фуриозно во овој натпревар и веднаш го нападна голот на Шмајхел. Диего Коста во седмата минута му донесе водство на Челси. Давид Луиз се закани по голот на Шмајхел од слободен удар, но голманот на Лестер имаше голема среќа бидејќи бразилскиот дефанзивец ја погоди стативата. Фудбалерите на Челси продолжија со нападот, а Еден Азар на асистенција на Педро во 33-та минута излезе еден на еден со Шмајхел и го совлада за зголемување на водството на сините, 2:0. На полувреме сините заминаа со водство од 2:0. Мозес во вториот дел шутираше, но Шмајхел го одбрани ударот на нигериецот. Третиот погодок во мрежата на Шмајхел го видовме во 80-та минута кој беше дело на Виктор Мозес на асистенција на Чалобах и ги постави конечните 3:0.

    Лестер оваа сезона не може да одигра квалитетен натпревар против гигантите. За Антонио Конте и неговиот Челси ова беше втора победа во низа после победата против Хал на гости со 0:2. Во следното коло Челси го игра дерби натпреварот на Стемфорд Бриџ против Манчестер Јунајтед, а Лестер ќе го пречека на Кинг Пауер, Кристал Палас.