Бојан Најденов е херој на Работнички – Ѓорче Петров не издржа до крај


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Во единствениот натпревар на програмата денес од македонската прва лига, фудбалерите на Работнички славеа со 2:1 против Македонија Ѓорче Петров на стадионот Филип Втори.

    Првиот погодок на Филип Втори го видовме во 23-та минута кој беше дело на Ален Јашароски. На полувреме се замина со минимално водство на Македонија Ѓорче Петров. После влегувањето во игра на Кире Маркоски, македонскиот репрезентативец до 21 година ја затресе мрежата на Боби Целески. Романтичарите останаа со фудбалер помалку од 74-та минута кога Леон Најдовски доби директен црвен картон. Во 94-та минута Бојан Најденов му донесе големи три бода на Работнички, 2:1.

    После четири натпревари без победа(3 порази и 1 реми) Работнички конечно славеше.