Баерн не може да победи со играч повеќе, Келн се приближува до врвот


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Уште пет натпревари се одиграа од седмото коло во Бундеслигата.

    Келн на домашен терен уште во првото полувреме го решија Инголштад, 2:1. Модесте со двата погодоци во првиот дел го искачи Келн на втората позиција на табелата во Бундеслигата. Погодокот за Инголштадт го постигна Хинтерсеер од белата точка.

    Шалке во Бундеслигата е катастрофа. Во првото полувреме на натпреварот Аугсбург – Шалке не видовме погодоци. Бенталеб на асистенција на Мотинг му донесе водство на гостите, 0:1. Баиер во 77-ма минута ги постави конечните 1:1.

    Изненадување во Франкфурт, домашните успеаа со фудбалер помалку да се изборат за бод против Баерн Минхен. Робен во 10-та минута погоди за водство на Баерн Минхен. Пред самиот крај на првото полувреме Хусти израмни. Дефанзивецот на Баерн, Кимих во второто полувреме ги врати баварците во водство. Неколку минути после погодокот на Кимих, Хусти доби црвен картон и Франкфурт остана со фудбалер помалку. И со фудбалер помалку, Франкфурт успеа да извлече бод. Фабиан ги постави конечните 2:2. Ова најмногу му се допадна на тренерот на Франкфурт, Нико Ковач кој денес слави роденден.

    Пенал му донесе победа на Хофенхајм против Фрајбург, 2:1. Крамариќ беше стрелец од белата точка за победа на својот тим.

    Менхенгладбах и Хамбургер одиграа без погодоци, 0:0. За овој натпревар вреди да се каже дека фудбалерите на Хамбургер добија црвен картон, а Борусија промаши два пенали. Хан и Штиндл ги промашија пеналите, а Клебер доби црвен картон.