Арсенал победи, Озил си поклони погодок за роденденот, Сити промаши два пенали, но извлече бод


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Од петте натпревари кои се одиграа од ПЛ од осмото коло, три завршија со победа на домашните.

    На Емирати се одигра натпревар со пет погодоци. Тио Волкот во период пет минути во првото полувреме постигна два погодоци. Свонси преку Сигурдсон го намали водството на Арсенал, 2:1 во 38-ма минута. Фудбалерот на Арсенал кој денес слави роденден, Месут Озил си поклони фантастичен роденденски поклон. Во 57-ма минута ја затресе мрежата на Свонси за 3:1. Резервата Бастон само шест минути по влегувањето на теренот намали на 3:2. Фудбалерите на Арсенал останаа со фудбалер помалку бидејќи црвен картон доби Гранит Џака. Топчиите на крајот се радуваа на домашен терен, 3:2.

    Борнмут на домашен терен го уништи Хал со 6:1. Даниелс, Кук, Вилсон, Гослинг и два пати Станислас беа стрелци во високата победа на Борнмут.

    Манчестер Сити и Евертон на Итихад одиграа нерешено, 1:1. Пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Манчестер Сити, а Мартин Стекеленбург го одбрани ударот од белата точка на Кевин Де Брујн. Казната за непогодениот пенал стигна во 64-та минута кога Ромелу Лукаку му донесе водство на Евертон. Потоа беше досуден втор пенал на натпреварот за граѓаните, но и овој пат Мартин Стекеленбург одбрани, шутираше Серхио Агуеро. Само една минута по влегувањето на теренот, Нолито го совлада Стекеленбург и го израмни резултатот. До крајот резултатот не се промени.

    Стоук стигна до првата победа оваа сезона во ПЛ. На домашен терен го совладаа Сандерленд со 2:0 со двата погодоци на Џо Ален.

    Фудбалерите на Тотенхем успеаа да останат непоразени оваа сезона во ПЛ. Против ВБА на гости одиграа нерешено, 1:1. Први до водство стигнаа ВБА преку Чадли, а во 89-та минута Али ги постави конечните 1:1.