Мајстори помеѓу стативите: Тие се најдобри голмани!


    Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


    Позицијата на голманите е најверојатно најважна за секој тим.

    Кога клубот има врвен голман, тие добиваат дополнителна сигурност која често знае да биде најважна во големи натпревари.

    Еве 10-на голмани кои се едни од најдобрите.

    1. Џо Харт(Торино, 29)

    Голманот на Сити поради недоверба кај Гвардиола одлучи да замине на позајмица во Торино.

    Со таа одлука ги изненади сите, но тоа беше вистински потег. Тој брани одлично во тимот, а воедно ја задржа својата позиција и во репрезентацијата на Англија.

    1. Самир Хандановиќ(Интер, 32)

    Словенечкиот голман веќе со години брани одлични во Интер.

    Во клубот стигна во 2012 од Удинезе, а со своите феноменални одбрани често го извлекуваше Интер од порази.

    Познат е по тоа што брани добро пенали, но често знае да одбрани и невозможни удари кон голот.

    1. Фернандо Муслера(Галатасарај, 30)

    Искусниот 30-годишен Уругваец веќе 5 години го носи дресот на Галатасарај.

    Тој е фантастичен голман. Кога „ќе му се погоди денот“ знае да одбрани се што ќе биде испратено кон неговиот гол.

    1. Марк Андре Тер Штеген(Барселона, 24)

    Германците секогаш имале врвни голмани, а во конкуренција за оваа позиција е Тер Штеген.

    Тој е резерва на Нојер во Германија, а во Барселона стигна до првото место на голманската позиција.

    Станува збор за навистина одличен голман кој на 24 години брани одлично.

    1. Тибо Куртоа(Челси, 24)

    Тој моментално и не е во најдобра форма, но и покрај тоа брани добро. Куртоа има само 24 години и се очекува да има благи падови, бидејќи најдобрите голмански години се пред него.

    5. Џанлуиџи Буфон(Јувентус, 38)

    Човекот на кој со години не му можат ништо. Иако има 38 години тој брани одлично.

    Најави дека ќе се пензионира на 40 години, а сигурно дека неговото заминување најмногу ќе се почуствува.

    Веќе 2 децении е во самиот врв на најдобрите голмани и таму ќе остане до крајот на кариерата.

    1. Јан Облак(Атлетико, 23)

    Словенецот е навистина неверојатен.

    Овој 23-годишен голман во Атлетико Мадрид брани се подобро и без сомнеж е еден од најдобрите.

    Облак најчесто е заслужен за бодовите кои ги освојува Словенија, но и Атлетико.

    1. Хуго Лорис(Тотенхем, 30)

    Лорис е во најдобрите голмански години. На крајот на годината ќе наполни 30, а брани одлично.

    Со години се поврзува со големи клубови, но остана на крајот во Тотенхем.

    Лорис без сомнеж припаѓа на врвот на светскиот фудбал.

    1. Давид Де Геа(Јунајтед, 25)

    Да го нема него, Јунајтед би имал многу помалку бодови.

    Чудесниот Шпанец брани апсолутно се.

    Се одликува со неверојатни рефлекси и е ноќен кошмар за напаѓачите.

    Тој има само 25 години и иднината е пред него.

    1. Мануел Нојер(Баерн, 30)

    Тој е дефинитивно најдобриот во моментов.

    Тој е огромна пречка за противниците, а во досегашната кариера освои апсолутно се.

    Токму тој е најзаслужен за трофеите на Германија и Баерн Минхен, бидејќи неговите одбрани беа неверојатни.

    Исто така, Нојер игра одлично и во поле. Па често може да го видиме и далеку од својот гол.