Црвените се радуваа на Енфилд – Кутињо и Мане за враќање на победничките патеки


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Во последниот натпревар на програмата денес од деветото коло од Премиер Лигата, фудбалерите на Ливерпул на Енфилд славеа со 2:1 против ВБА.

    На Енфилд првиот погодок го видовме во 20-та минута, а стрелец беше Садио Мане на асистенција на Роберто Фирмињо. Петнаесет минути подоцна стрелецот на првиот погодок се најде во улога на асистент, а Филипе Кутињо го натера Бен Фостер по втор пат да ја вади топката од мрежата. Ливерпул на полувреме замина со 2:0. Ловрен во вториот дел имаше шанса да го зголеми водството на црвените, но Фостер го одбрани шутот со глава. Меколи во 82-ра минута погоди за намалување на предноста и неизвесност до крајот на натпреварот. Опасен удар испрати Хал Робсон Кану, но дефанзивците на Ливерпул спречија топката да заврши во голот на Кариус. Црвените и Јирген Клоп запишаа нова победа.

    Црвените после ремито против Манчестер Јунајтед минатото коло им се вратија на победите. Трет пораз за ВБА оваа сезона.