Веспрем падна во Барселона – Шест погодоци на Лазаров во победата


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона во натпреварот од ЛШ славеше со 26:23 против унгарски Веспрем.

    Каталонците првото полувреме го одиграа одлично и тоа беше пресудно за денешната победа. На полувреме ракометарите на Барселона заминаа со предност од пет погодоци, 16:11. Домашните ракометари вториот дел го отворија со серија од три погодоци и водство од 19:12. Ракометарите на Веспрем на серијата на Барселона возвратија со поголема серија, 4 погодоци и ја намалија негативата на два погодоци, 19:17. При резултат 22:20 каталонците направија серија од два погодоци, 24:20 и ја запечатија новата победа во ЛШ. Конечни 26:23.

    Ваел Жалуз со 7 погодоци ја предводеше Барселона до победа. По шест погодоци постигнаа македонскиот капитен, Кирил Лазаров и Виктор Томас. Драган Гајиќ беше најефикасен кај Веспрем со 5 погодоци.

    Пета победа за Барселона во пет кола во групата во ЛШ. Веспрем денес го доживеа првиот пораз оваа сезона.