Стевановиќ ги запре Вардарци- Прв пораз во ЛШ


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар беа поразени на гостувањето во Хрватска против Загреб со 28:27 во натпревар од петото коло во ЛШ.

    Се играше гол за гол на почетокот на натпреварот. При резултат 10:10, Вардарци постигнаа два погодоци во серија и зголемија на 10:12. Потоа ракометарите на Вардар направија уште една серија од два погодоци, 11:14. До крајот на натпреварот гостите постигнаа три погодоци во серија и на полувреме заминаа со предност од пет погодоци, 12:17. Со два погодоци во серија го отворија ракометарите на Загреб второто полувреме, 14:17. Следуваа серии од по два погодоци на двете страни. Домашните ракометари успеаа да намалат на два негатива, 18:20. Раул Гонзалез виде дека не оди и повика тајм-аут. Вардарци со три погодоци во серија го вратија водството од пет погодоци, 18:23. Голманот на Загреб, Стевановиќ се разбрани и тоа ги мотивираше домашните ракометари и со три погодоци во серија намалија на еден погодок негатива, 23:24. Само што стигнааа домашните на еден негатива, Вардарци постигнаа два погодоци во серија, 23:26. Загрепчани постигнаа четири погодоци во серија и после долго време го го презедоја водството, 27:26. Дујшебаев во последната минута имаше шанса да го израмни резултатот, но ја погоди стативата, а последниот шут на шпанецот беше одбранет од Стевановиќ. Прва победа на Загреб во ЛШ, 28:27.

    Дујшебаев беше најефикасен кај Вардар со 5 погодоци. Стевановиќ со 15 интервенции го предводеше Загреб до првата победа во ЛШ оваа сезона. Добривоје Марковиќ кој не промаши 7 од 7 беше прв стрелец во Загреб.