Големото дерби заврши: Локатели го сруши Јувентус!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Милан успеаа да победат во големото дерби против Јувентус во 9-то коло во Серија А.

    Од самиот почеток на натпреварот Милан свесно го остави Јувентус да ја диктира играта, а тие чекаа грешка на гостите.

    До првата сериозна шанса на натпреварот навивачите чекаа до 35-та минута кога Пјаниќ ја затресе мреќата на Милан.

    Главниот судија го призна голот, но по консултација со помошникот голот беше поништен.

    Исто така, првото полувреме ќе се памети по повредата на Дибала.

    Во второто полувреме гледавме иста слика, Јувентус ја имаше топката, но играчите не успеаа да се заканат кон голот на Милан.

    Во 65-та минута Милан стигна до водство по голот на Локатели. Голот може да го видите тука.

    По примениот гол Алегри форсираше понапаѓачка формација, но Милан одлично се бранеше.

    Јувентус повторно не успеа да се закани кон голот на Донарума, па резултатот не се менуваше.

    По 9-то коло Јувентус е и понатаму прв на табелата со 21 бод додека Милан е втор со 19 бодови.