„Погба и Ерера беа скандалозни против Челси“


    Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


    Фил Невил, некогашен фудбалер на Манчестер Јунајтед, рече за Дејли Мејл дека однесувањето на Погба и Ерера на натпреварот против Челси, каде што Јунајтед загуби со резултат 4:0, е навистина недозволиво.

    „Реакцијата на Пол Погба и Андер Ерера кај четвртиот гол, кој Јунајтед го прими на натпреварот против Челси во најмала рака е скандалозна. Канте тогаш помина покрај нив двајца, а тогаш влезе во дуел со Крис Смолинг, па така не му беше тешко да постигне гол“, рече Фил.

    Невил не пропушти шанса за како своите некогашни соиграчи Сколс и Гигс да ја искритикува и работата на менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо.

    „Како тренер не можете да ги оправдата грешките кои Јунајтед ги направи. Имаа шанса да се вратат во игра, но едноставно не беа доволно добри за такво нешто, додека Челси беше фантастичен“.

    Од друга страна тој е задоволен од натпреварот од минатото коло, кој Јунајтед го играше против најголемито ривал Ливерпул.

    „Луѓето се прашуваа кој систем Јунајтед го играше во понеделникот против Ливерпул, додека јас мислам дека на тој меч беа одлични. Видовме некои идеи во нападот, играа добро во офанзивата и цврсто во одбраната, додека против Челси се тоа се изостави“, заклучи Невил.