„Мурињо сака војна, а не фудбал“


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед во неделата доживеа тежок пораз од Челси на Стенфорд Бриџ со 4:0.

    Екипата на Жозе Мурињо го одигра најлошиот меч во досегашниот дел, а Лондон го напуштија со четири гола во својата мрежа.

    После мечот му пријде на Антонио Конте, и нешто му одбруси што не му се допаѓаше на англиската јавност.

    После се тоа се огласи и некогашниот фудбалер на Барселона, Чави, кој рече дека не е изненаден со ваквото однесување на португалскиот стручнак.

    „Некогаш, кога работите не одат како што треба за Мурињо тој сака војна, а не фудбал. Така беше кога беше тренер на Реал Мадрид, тие натпревари беа како војна на теренот. Се надевам дека нема тоа да го работи во Англија, но тој разговор со Антонио Конте личи на тоа“, рече Чави.