„Потребно е некој да ме мрази, Меси не ми е непријател“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Еден од најдобрите фудбалери во светот Роналдо зборуваше за ривалството со Меси, односот со навивачите, најдобрите дефанзивци и многу други работи.

    За Роналдо секогаш се зборува. Последна во низата на ситуации беше кога при голот на Мората против Билбао тој ја рена раката и стана мета на негативни коментари.

    „Треба да се користат негативните луѓе и искуства за да те мотивираат. Всушност, мене потребно ми е некој да ме мрази, тие ми помогнаа да стигнам до тоа што сум денес.“

    Се ближи изборот за „Златна топка“, а Роналдо е фаворит. Сигурно е тоа дека е мотивиран да ја добие оваа награда, со оглед на тоа дека не доби ниту една награда на доделувањето на наградите во Ла Лига, а голем ривал му е Меси за сите награди.

    „Не сум непријател со Меси, но постои голема почит. Медиумите сакаат да направат од тоа големо ривалство, но ние не сме тоа.“

    Во текот на годината тој постигна многу голови и многу дефанзивци ги „полуде“, но одвои еден против кого секогаш му било тешко.

    „Водев големи битки со Ешли Кол. Не ви дава секунда да земете здив. Брз е, цврст во дуел, веднаш знаете дека нема да имате лесен натпревар против него. Од друга страна, Пепе е некој со кој секогаш би оделе во војна.“

    На крај зборуваше и за својата причина да започне со фудбалот.

    „Им се восхитував на Фио и Коста, но никогаш не сакав некого да имитирам. Секогаш само се фокусирав да дадам најдобро од себе.“