Роналдо за оној погодок – Жал ми е што не го постигнав во дресот на Реал


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Оваа изјава секако дека нема да биде добро примена во Каталонија.

    Поминаа 20 години од погодокот на бразилецот Роналдо во дресот на Барселона против Компостела, а поранешниот светски шампион откри една работа со тој натпревар поради која жали, но нема да му се допадне на каталонците.

    Легендарниот напаѓач изјави дека жали што тој погодок го постигнал во дресот на Барселона, а не во дресот на Реал.

    „Морате да имате фантастичен периферен вид за да постигнете таков погодок. А нема ни момент за да размислувате. Беше убав погодок, би сакал да го постигнам за Реал Мадрид. Единствено ми е жал поради тоа“, изјави Роналдо.