„Проста“ математика: Дали и како може Ѓоковиќ до 1-то место на АТП?


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Новак Ѓоковиќ го изгуби првото место во светот, а има шанса да го врати на наредниот турнир во Лондон.

    На новата АТП листа Мареј води со 405 бодови, а во главниот град на Англија се во игра 1500 бодови, толку ќе добие играчот кој без пораз ќе дојде до трофејот.

    За секој триумф се добива по 200 бодови, победа во ½-финале вреди 400, а во натпреварот за трофејот се добиваат 500 бодови.

    Новак само со сите 3 победи во групата би можел да се врати на првото место, но под услов Мареј да изгуби 2 натпревари, а тоа е малку неверојатно затоа што тој нема пораз од Њујорк, а во меѓувреме ги освои турнирите во Пекинг, Шангај, Виена и Париз.

    Ако Ѓоковиќ се пласира во финале со 2 победи во групата, би освоил 800 бодови и тогаш би бил прв единствено ако Шкотот победи само еднаш.

    Ако Ѓоковиќ се пласира во финале со сите 3 победи во групата, би освоил 1000 бодови и во тој случај ќе биде прв ако Мареј има 2 победи во групата и изгуби во ½-финале.

    Ако Ѓоковиќ ја освои титулата без изгубен натпревар, тогаш тој ќе освои 1500 бодови и во тој случај би бил прв дури и ако Мареј стигне во финале без пораз.

    Ако Ѓоковиќ ја освои титулата со еден пораз во групата, како што го направи тоа минатата година, би освоил 1300 бодови и тогаш би бил прв само доколку Мареј испадне во ½-финале по сите 3 победи во групата или ако изгуби во финалето со 2 победи во група.

    Разни работи се случуваат на турнирите, па така и играч со една победа во група може да ја освои титулата. ВО тој случај Ѓоковиќ би освоил 1.100 бодови  и би бил прв само ако Мареј испадне во ½-финале по 3 победи во група или ако се пласира во финале само со една победа во група.