За него повеќе нема место на Олд Трафорд: Одличниот играч од средниот ред си заминува од Јунајтед


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Жозе Мурињо полека, но сигурно подготвува голема чистка во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

    Еден од непотребните е и Морган Шнајдерлин, играч кој не ги оправда неговите очекувања. Според италијанскиот весник „Calciomercato“, одличниот играч од средниот ред во јануари ќе ги засили редовите на Милан.

    „Росонерите“ започнаа да создаваат силен тим, а според медиумот, поранешниот фудбалер на Саутемптон е на врвот на нивната листа. Милан има во план да го донесе Французинот на позајмица до крајот на сезоната, со можност за договор наредното лето.

    Шнајдерлин на „Театарот на соништата“ пристигна како големо засилување, но со доаѓањето на Мурињо на кормилото на Манчестер Јунатјед падна во позадина и се помалку добива минутажа на теренот.