АТП Лондон: Познати се групите!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Од 13-ти до 20-ти ноември, Лондон ќе биде домаќин на завршниот турнир во сезоната.

    На овој турнир ќе учествуваат најдобрите тенисер во светот, а поделени се во 2 групи.

    Во првата група, која се вика Иван Лендл, ќе играат Милош Раониќ, Гаел Монфилс, Доминик Тим и Новак Ѓоковиќ. На 13-ти ноември ќе се играат дуелите помеѓу Раониќ-Монфилс и Ѓоковиќ-Тим.

    Во другата група, која се вика „Мекинрова група“, се Станислав Вавринка, Кеи Нишикори, Енди Мареј и Марин Чилиќ. На 14-ти ноември се играат натпреварите помеѓу Мареј-Чилиќ и Вавринка-Нишикори.

    Да потсетиме, по 2 играчи од секоја група ќе играат во ½-финале, а финалето се игра на 20-ти ноември.