Италијански медиуми: Интер денеска добива нов тренер


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Медиумите во Италија синоќа објавија дека Сефано Пиоли денеска официјално ќе биде избран за нов тренер на Интер.

    Челниците на Интер во минатата недела се одлучија да му врачат отказ на Франк Де Бур поради лоши резултати, а неговата замена на клупата на овој тим треба да биде италијанскиот стручнак Стефано Пиоли.

    Иако навивачите на Интер не се за овој тренер, се чини дека работите веќе се договорени.

    Италијанските медиуми синоќа пренесоа дека синоќа Интер се договори со некогашниот тренер на Лацио, и дека соработката треба да биде официјализирана денеска.

    Интересно е дека судејќи според се негов асистент ќе биде некогашниот играч на Интер Валтер Самуел.

    Наводно, Пиоли со Интер ќе потпише договор до лето 2018 година, а годишно ќе заработува 1.3 милиони евра плус бонуси.

    Сепак, многу работи ќе бидат појасни во текот на денешниот ден кога ќе се огласат челниците на Интер.