Роналдо не можеше на подобар начин да ги израдува Португалците


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо вчера потпиша нов договор со Реал Мадрид.

    Роналдо се одлучи на Сантијагот Бернабе да остане до лето 2021 година кога ќе го прослави својот 36 роденден.

    Сепак, португалскиот фудбалер изјави дека желба му е да игра уште десет години.

    Истотака, медиумите во Португалија ги интересираше дали Роналдо ќе се пензионира од репрезентацијата после Светското првенство.

    „Освојувањето на Евро беше благодарение на сите луѓе во Португалија, го заслуживме тоа. И не размислувам за репрезентативна пензија, од 18 години сум во репрезентацијата, поминав со Португалија добри и лоши моменти, се додека можам ќе играм за репрезентацијата“, рече Роналдо.

    Во наредниот месец ќе биде одржата церемонијата на доделувањето на Златната топка, а Роналдо е главен фаворит за освојување.

    Сепак, тој сеуште не сака ништо однапред да зборува бидејќи знае дека Лионел Меси му е главен кандидат, и дека се е можно.