РЕКОРД – 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 (ВИДЕО)


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Каква вечер на Стеф Кари.

    Моќ.

    И точка.

    Стеф Кари и точка.

    Тројка и точка.

    После критиките дека не погоди тројка најдобриот шутер во НБА ќе морате да замолкнете.

    Најдобриот тројкаш на практичен пример докажа дека шутевите од зад линијата 7.24 му одат како вода.

    Погоди 13 синоќа против Њу Орлеанс Пеликанс.

    Нов НБА рекорд!

    „Ова беше посебна вечер. Напорно ги вежбав шутевите во последните два дена. Не бев тажен ниту кога имав 0 од 10 или 2 од 12. Мојот начин на работа и игра е секогаш ист, но во последните два дена одлучив да го вратам ритамот и да видам како топката кога ќе ја исфрлам паѓа во кошот“, изјави Кари.