Навивачите најдоа нова „жртва“: Шеги на сметка на Роналдо


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Реал до 2021 година. Роналдо на официјалното потпишување на договор се појави во многу интересни наочари кои брзо предизвикаа реакции на друштвените мрежи.

    Додека едни му честитаа на Роналдо за потпишување на договорот, другите се занимаваа со неговите наочари.

    „Роналдо со наочари?! Тоа го објаснува неговиот последен удар.“

    „А значи тоа е причината поради која не може да постигне гол како што треба!“

    „Изгледа како да потпишува некој мировен договор во ОН.“

    Ова се некои од шегите на негова сметка.

    Роналдо ја игра една од најлошите сезони во кариерата бидејќи на 12 натпревари постигна 7 голови.