Официјално: Интер има нов тренер!


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Како што и беше најавено, Стефано Пиоли е нов тренер на Интер.

    Фудбалскиот клуб Интер потврди дека Стефано Пиоли е нов тренер на екипата. Тој на клупата ќе го замени Франк де Бур кој замина после нешто повеќе од два месеци.

    Интер во официјално соопштение потврди дека Пиоли потпиша договор до јуни 2018 година.

    Инаку, навивачите на Интер беа против доаѓање на Пиоли, но на крајот клубот донесе конечна одлука.

    На Пиоли нема да биде ниту малку лесно, во стартот ќе нема поддршка од навивачите, а екипата се наоѓа на деветтото место со 17 бодови, 13 помалку од лидерот Јувентус.

    Инаку, Пиоли е без клуб од април месец кога на клупата на Лацио доживеа дебакл од Рома во градското дерби (4:1).